Вчера во 13:15 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, полициски службеници констатирале дека Ж.И.(26) од Струмица на увид приложил фалсификувана полска возачка дозвола.
Возачката дозвола била одземена за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.