• Fri. Nov 22nd, 2024

25 македонски државјани се веќе евакуирани од Авганистан

Состојбата во Авганистан нагло се влоши и освен базите на НАТО и САД, целата територија на државата е под управа на новата талибанска власт, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој потсети дека уште во јули е повлечен дипломатскиот и воен персонал, а во саботата е формирана работна група за оние македонски државјани кои се работно ангажирани и во моментов затекнати во Авганистан.

Османи кажа дека е остварен е контакт со компаниите каде македонските државјани работат за да се забрза евакуацијата, а испратени се и формални барања до земјите кои имаат присуство во Авганистан да асистираат во евакуацијата, при што повеќето потврдно одговориле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *