Денес според годишниот интегрален план за крводарителство се одржа редовна крводарителска акција во СОУ ,,Димитар Влахов” Струмица во организација на Општинската организација на Црвен крст Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица. На акцијата крв даруваа 25 ученици. Тие денес покажаа хуманост и помогнаа за да се спаси туѓ човечки живот.