Во новото вкусно видео што го објави Mode Studios, можеме да видиме како изгледале семејните ручеци уште до 1915 година.
Ќе можете да видите дека салата од кељ не била отсекогаш вистински оброк за американците. Луѓето, всушност отсекогаш јаделе месо и компири.
Што се однесува на зеленолисните растенија, тие не се појавуваат толку често во оброците колку што ние мислиме. Многу веројатно е дека луѓето ен броеле калории во далечните 30-ти на минатиот век. Ах, добри стари времиња!
Гледајќи го видеото, сигурно ќе ги видите некои од вашите сегашни омилени јадења. На пример, кој не е фан на печено говедско месо и компири?
И покрај тоа што ова јадење било популарно во далечната 1915, можете да го најдете сервирано за вечера и денес во трпезариите на многу семејства.
И иако повеќето од овие јадења ви звучат познато, има и такви на кои двапати ќе се навратите, за да видите за што станува збор.
Сепак, во целото ова мени, има толку многу оброци кои секогаш со задоволство би ги јаделе. Штета што повеќе нема кој да готви. Барем не дома.