Денес, по повод патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево, делегации од училиштето и локалната самоуправа, положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Гоце Делчев во училишниот двор.
Одбележувањето на 117 годишнината од смртта на Делчев, беше согласно актуелната остојба со Коронавирусот (COVID-19), поради што изостана традиционалниот начин на чествување на ликот и делото на херојот и еден од најистакнатите борци за независна и слободна Македонија.
Неговата мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, и денес ја има истата големина, значење и моќ, како и тогаш, пред повеќе од сто години притоа обврзувајќи ги неговите потомци, сегашните генерации, на мудри одлуки и решенија.
Споменот за неговото дело останува вечен и затоа вечна му слава на херојот Гоце Делчев.