• Fri. Nov 22nd, 2024

Во општина Гевгелија 220 првачиња и 148 нови средношколци

ByВане Трајков

Aug 30, 2022

За првпат, во училишните клупи во гевгелиските основни училишта ќе седнат 220 првачиња објави Општина Гевгелија. Од вкупната бројка најмногу првачиња ќе има во ООУ „Крсте Мисирков- 93, во ООУ „Владо Кантарџиев“- 90 првачиња , 22 во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци и 15 првачиња во ООУ „Климент Охридски“- Миравци.
           

По истекот на третиот уписен рок и сумираните резултати од вкупниот број запишани ученици, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија настава во прва година ќе следат 148 ученика, распоредени во 9 паралелки. И тоа: 45 ученика во 3 паралалеки, гимназиско образование; 25 ученика во 1 паралелка, економско-правна и трговска струка (економски техничар/бизнис администратор); 25 ученика во 1 паралелка, угостителско-туристичка струка (хотелско-туристички техничар), 17 ученика во 1 паралелка, машинска струка (машински техничар за моторни возила) и 16 ученика во 1 паралелка, струка здравство и социјална заштита (физиотерапевтски техничар/гинеколошко-акушерска сестра) со 4 годишно траење на образованието. Додека 20 ученика се запишани стручно образование со тригодишно траење, од кои 5 ученика 1 паралелка, машинска струка (автомеханичар/заварувач) и 15 ученика во 1 паралелка угостителско-туристичка струка (готвач/келнер).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *