• Sun. Nov 24th, 2024

211 лица регистрирани во Струмица со грип

211 лица регистрирани во Струмица со грип.Епидемиолозите велат дека се очекува наредната недела бројот рапидно да расте.Здравствените амбулантите во Струмица се преполни со пациенти а матичните лекари реферират до Центарот за Јавно здравје со бројка секој вторник.Најпогодени и годинава се најмалите како и повозрасните лица.

Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 386 заболени, постои зголемување на бројот на заболени во 6-тата недела за 7,7 пати.На ниво на Македонија бројката на регистрирани пациенти со грип е речиси 3 илјади.
Најголем број заболени – 1.650 се пријавени во најголемата возрасна група од 15 до 64 години, а кај децата на возраст од 5 до 14 години има 327 случај на 100.000 жители.

Оваа недела најголем број заболени лица 326 се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје – Битола, а највисока инциденца 576,5 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Дебар.
Досега во сезоната 2017/2018 вкупниот број на пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 8.443. Регистрираниот број на случаи е за четири пати помал споредено со истиот период од минатата сезона кога имало 33.883 заболени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *