Во Транзитниот центар за илегални мигранти Винојуг во Гевгелија во мометов се сместени 21 мигрант од Авганистан , Пакистан и Сирија.
Од ТЦ не информираа дека бројката е варијабилна на дневна основа оти МВР ја превзема одговорноста за нив.Во моментов на кампот помеѓу мигарнтите се и волонтери на Црвениот Крст, ИОМ, УНХЦР, Млади правници како и членови на организацијата „Легис“ .Третманот кој го добиваат останува еднаков за сите уште од самиот почеток на постоењето на кампот.
Бројот на илегалните премини во последните неколку месеци рапидно се зголемува а на дневна основа во просек се двоижи и до стотина.
Владата вчера ја донесе Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради постоењето на пандемијата и опасноста од ширењето на КОВИД-19.
Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, и се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, информира владината прес служба.
Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, а сите органи на државната управа се задолжени да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.