21 годишно момче од струмичко Ново Коњарево загина во сообраќајна несреќа на патот Ново Село – граница со Бугарија кај смоларска крстосница. Несреќата се случила половина час по полноќ помеѓу две патнички возила. Починатото момче било сопатник.
„Несреќата се случила помеѓу автомобил „форд мондео“ со струмички регистарски таблички, управувано од 24 годишно момче од село Рич и автомобил „мерцедес бенз“ со струмички регистарски таблички управувано од 23 годишно момче од Ново Коњарево. 21 годишното момче бил сопатник во мерцедесот“, рече Хризантема Рендевска, портпарол на СВР Струмица
Повредените момчиња се префрлени во струмичката општа болница. Дежурните екипи на полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата. Поради увидот сообраќајот е прекинат до 4 часот наутро и пренасочен по околните локални патишта.