Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти.
– Скопје 1
– Куманово 9
– Прилеп 2
– Велес 7
– Битола 1.
Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6. Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид-19.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.