До 20 ти јануари трае повикот за млади струмичани кои може да добијат поддршка од општина Струмица за креирање Старт-ап бизнис а најдобрите пет апликанти чии идеи ќе бидат преточени во бизнис планови може да добијат и финансиска поддршка во висина од 60 илјади денари. Право да аплицират имаат сите млади лица кои но преднсот имаат оние кои се водат во Агенцијата за вработување и се со високо образование
Целта на овој проект е да се поттикнат и охрабрат младите невработени од општина Струмица да се вклучат во процесто за да изградат соодветни лични капацитети за развивање на свои бизнис идеи во реално остварливи бизнис планови но и да добијат можност за користење на општинска финансиска поддршка или пак да аплицираат за средства од мерките на Владата и Агенцијата за вработување
Според објавениот јавен повик кој стои на веб сајтот на општина Струмица 20 те кандидати кои ќе бидат избрани , ќе добијат двомесечна експертска обука во делот на преприемништвото, за бизнис план и деловно планирање, за финансиски аспекти на водење бизнис, но и од областа на маркетинг и промоција на бизнисот.
Паралелни кандидатите во рамките на процесот во период од еден месец ќе добијат помош за развивање на нивната идеја во бизнис план со кој може да аплицираат и пред други фондови и институции за добивање помош. Сите 20 кандидати ќе имат менторска поддршка од од 9 до 12 месеци во намерата за отворање на сопствен бизниси или пак поддршка доколку почнат.
Имено според јавниот повик во рамките на целиот процес ќе биде организиран натпревар на бизнис планови пред стручна комисија именувана од градоначалникот Костаденов петте најдобри бизнис планови ќе бидат финансиски поддржани до по 60 илјади денари з за набавка на дел од опрема или репроматријали..
Ова не е првпат Општина Струмица да поддржува стартап бизниси. Пред 6 години во соработка со повеќе фондации општината на осум малди невработени од општина Струмица им додели по 3 илјади евра за да отпочнат свј бизнис.