На 04.12.2023 во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Свети Николе – Скопје, пред клучка Коњари, патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(20) од Струмица, изгубило контрола и се превртело.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Ј.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.