• Sat. Nov 23rd, 2024

20 тина текстилни фабрики од Југоистокот заклучија дека е потребна помош од државата

Како што соопшти Тони Пандев, сопственик на валандовска текстилна фабрика, како неформално здружение веќе ги информирале и деловните партнери од странство дека со сегашните договорени цени тешко дека ќе можат да ги испорачаат договорените количини и услуги, во услови кога се соочуваат со недостиг на работна рака и зголемени трошоци поради ковид пандемијата, но и најавената енергетска криза.
Тие сметаат дека државата треба да најде модел за да помогне на текстилните фабрики, бидјеќи во источна Македонија дел од капацитетите почнале да се затвораат.

„Итно Владата треба да интеревенира во делот на субвенции за електрична енергија. Ако ја земам мојата фабрика или било која друга која досега плаќала 3-4 илјади евра, сега ќе мора да плаќа по десетина илјади евра само за струја. Паралелно се најавува зголемување на минималецот на 18 илјади денари. Тоа ќе повлече во една компанија со 100-тина вработени дополнителни 20 илјади евра трошок. Затоа ни треба помош, дали тоа ќе биде делумно или целосно покривање на придонесите, тоа треба Владата да одлучи. Лично сакаме минималната плата да биде и поголема од 18 илјади денари“, кажа Пандев.

Текстилните фабрики од Југоистокот ќе бараат помош од државата за полесно да ја пребродат енергетската криза и евентуалното зголемување на минималецот на 18 илјади денари. Вака констатираа преставниците на 20-тината текстилни капацитети од Југоистокот на неформалната средба во Дојран, каде истакнаa дека ковид кризата ја преживуваат на кредити и нема да можат да опстанат со евентуално нови трошоци при намалена побарувачка на нивните производи или услуги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *