• Tue. Nov 26th, 2024

19-годишна девојка со потекло од Македонија киднапирана од Хамас, се бара помош за нејзино спасување

ByЃ. K.

Nov 9, 2023

Во дел од светските медиуми и портали се шири снимка на која 19-годишната Наама Леви е удирана во џип во Газа, со врзани раце зад грб, а нејзината сива тренерка била облеана во крв. Вака западните медиуми пишуваат за девојката која има потекло од Македонија.Според ВОА на македонски јазик, девојката била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата ја пренела Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката.

„Ми се јави господинот Шаул Леви, кој има корени од Македонија, и побара да помогнеме на кој било начин да се ослободи неговата внука. Има докази и видео од нејзе“, изјавила професорката Друмер.

Тинејџерката е само една од многуте заложници кои беа оттргнати од нивните домови на 7-ми октомври. Според информациите, таа е мировна активистка, посветена на израелско-палестинскиот дијалог.

На социјалните мрежи веќе е објавено и видео од девојката, на кое се гледа дека била малтретирана. Преку видеото се бара помош за нејзино ослободување. Барање за помош е упатено и до Еврејската заедница во Македонија, за да се потврди нејзиното македонско потекло.

By Ѓ. K.