За 24 часа во Струмица уште една жртва во сообраќајна несреќа.19 годишно момче од Турново утрово го загубил животот.Во 3 часот и 15 минути две момчиња кои биле во ПМВ ,,Голф 4,, и се двежеле од Дабиле кон Петралинци излетале од коловозната лента на мостот кој ги поврзува двете населени места.Возачот е 19 годишниот А.Т од село Радово кој од засега непознати причини излетал од патот а автомобилот паднал во река Струмешница.Од силината на падот на лице место починал Ѓ.А од Турново кој бил на совозачкото седиште а возачот се здобил со тешки телесни повреди.
На местото на настанот за кратко време пристигнале увидните екипи на СВР Струмица и Јавниот обвинител заедно со Итната медицинска помош а од страна на лекарите било констатирано смрт на совозачот , а неговиот врсник бил итно пренесен на скопските клиники.
Возилото било со големи оштетувања при што морала да интевенира противпожарната единица за вадење на телата на момчињата како и на автомобилот.