На 28.12.2023 во 00.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Маршал Тито” во Струмица, патничко возило „нисан” со струмички регистарски ознаки, управувано од 19-годишната А.Г. од село Зубово, струмичко, удрило во пешакот А.С.(43) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.