• Fri. Nov 22nd, 2024

18 новорегистрирани на КОВИД – 19 во Струмица и уште една 44 годишна жртва

Струмица продолжува со трендот на зголемување на случаите на КОВИД – 19. 18 нови за 24 часа е денешниот биланс. За три дена во овој град се регистрирани 42 случаи, што е неверојатен пораст од почетокот на пандемијата.

Од Центарот за јавно здравје алармираа дека најголем дел од заболените се млади луѓе од 15 до 30 години, а најмладиот случај е осумгодишно дете.

Денеска има и уште една жртва која починала како последица на корона – вирусот. Станува збор за 44 годишен пациент.

Вкупниот број на заболени во државата денеска изнесува 163.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *