• Fri. Nov 22nd, 2024

Работилници за земјоделците од село Робово

Вчера во ООУ ”Гоце Делчев” во населеното место Робово, се одржаа две работилници во организација на здружението “Проагро Фармери” во рамките на проектот “Модерно и квалитетно градинарско производство кај градинарите во с.Банско,с.Муртино и с.Робово.

Темите на работилниците се:

  1. “Начини на искористување на тековните програми и ИПАРД фондови во земјоделието “
  2. ”Нови и модерни технологии во градинарското производство”

Координаторот на проектот Борче Јанев  ги запозна учесниците со проектните активности,  со целите на проектот и со деталите околу организацијата на првиот АГРО САЕМ во Струмица кој ќе се одржи последниот викенд од месец август.

-На првата работилница агр.инг. Стојан Глигоров   ги запозна присутните со јавните повици кои следуваат во блиска иднина од програмите за подршка на фармерите, за начинот на аплицирање, висината на подршката и кој се потребни документи за аплицирање и користење на средства од ИПАРД фондот, се со цел модернизација на нивните земјоделски стопанства и што поголема нивна искористеност, информираат од Здружението.

-На втората работилница, во рамките на истоимениот проект свое излагање имаше и проф. Томе Тимов на тема: ”Нови и модерни технологии во градинарското производство”. На присутните им ги презентираше најновите достигнувања во земјоделието и кои се алатки треба да ги користат земјоделските производители се со цел добивање на зголемени и стабилни земјоделски приходи кај фармерите, додаваат од „Проагро Фармери“.

Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија, а е спроведувана од UNDP.

Со свои средства во проектот учествува и Општина Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *