• Mon. Nov 25th, 2024

1500 бегалци и економски мигранти сe речиси 2 месеци заглавени на македонска територија.

Околу 1500 бегалци и економски мигранти се заглавени во земјава.Остануваат овде се додека Еропските земји не решат дали воопшто ќе ги прифатат ,или, испратат јасна порака каде овие луѓе ќе бидат транспортирани.Нивната судбина е неизвесна по одлуката на земјите од балканската рута да ги затворат своите граници. Горе кон Србија – не може, во Македонија не им се останува, да се вратат кон Грција – не сакаат да слушнат. Решени се да чекаат во надеж дека ќе биде пронајдено позитивно решение за нив. Но, додека се случи тоа, го ризикуваат своето здравје. Претседателот Иванов при вчерашната посета на кампот Винојуг во Гевгелија изјави дека Македонија неможе сама да делува и донесува одлуки каква ќе е судбината на овие луѓе кои се овде со месеци заглавени.Ќе чекаме сигнал од Брисел.

За идната недела е закажан состанок на Координативното тело за справување со кризите, на кое, меѓу другото треба да се расправа и за судбината на заглавените мигранти во Табановце како и Винојуг.Последниот состанок не донесе конкретни мерки.Останаа во земјава без ништо да се промени. Извори оттаму брифираат дека во очекување се на дополнителни инструкции од европските партнери, но до конкретното решение мигрантите остануваат на наша територија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *