Околу 150 ученици од ООУ ,,Никола Вапцаров“ од Струмица беа во посета на ФК „Брера Струмица“ и се информираа како функционира клубот, но и како тече еден ден на фудбалерите. Тиe се дружеа со првотимците, се интересираа за фудбалската професија, за тренажниот процес, условите за работа, за предизвиците. Станува збор за дечиња од второ и петто одделение од училиштето „Никола Вапцаров“ кои имаа можност да ја задоволат својата љубопитност за и околу Брера Струмица, тренерите и играчите.
Фудбалерите како „домаќини“ освен што се фотографираа со дечињата, ја презентираа салата за загревање, салата за консултации, за подготовка пред натпревари. Едноставно се обидоа да ја пренесат и престават фудбалската магија преку другарување, насмевки и позитивна енергија за што сведочеа насмевките. Дечињата можеа и директно да се запознаат со справите и опремата која ја има во СЦ Пандев каде што тренираат момците.
„Како клуб секогаш сме отворени да ја презентираме нашата работа а посебно сме горди што не посетија дечиња кои за првпат имаа шанса одблиску да се запознаат како изгледа работата на фудбалерите и што се е потребно да се биде успешен спортист. Задоволството е големо што голем број дечиња покажаа интерес да се запишат во нашите школи што преставува дополнителна мотивација за нас да опстоиме на курсот за сплотување со средината и градење квалитетени фудбалери“, велат од Брера Струмица.