14 деца без родители денес добија пакетчиња со прехранбени производи за велигденските празници. Хуманитарното здружение за деца без родители „Хуманост“ од Струмица, организираше хуманитарна акција со цел да им помогне и да им ги олесни празниците на дечиња од социјално загрозени семејства. Тие добија јајца, сокови, чоколади, тестенини, зачини и се друго што им неопходно за велгденските празници.
Вакви хуманитарни акции, здружението „Хуманост“ организира и по повод новогодишните празници. Како што велат од таму, секогаш се тука да им помогнат на сите деца и граѓани на кои им е најпотребно.
Хуманитарното здружение „Хуманост“ постои веќе 28 години. Освен во Струмица, тие организираат хуманитарни акции и во другите градови низ државата.