Општина Валандово наредните неколку месеци ќе ги изведува и реализира следните проекти:
– Изградба на детска градинка во населено место Брајковци;
– Изградба на повеќенаменско игралиште во населено место Калково;
– Туристичко уредување на Кочулските водопади;
– Изградба на стационар за згрижување на кучињата-бездомници;
– Изведба на II-та фаза на канализациониот систем во Бојмискиот реон;
– Реконструкција на булевар “Првомајска” во Валандово;
– Изградба на градски гробишта во Валандово;
– Асфалтирање на четири локални улици во населените места Балинци, Пирава и Удово;
– Асфалтирање на девет сокаци во градот Валандово;
– Тампонирање и санирање на руинираните улици во населените места Марвинци, Чалакли, Брајковци, Раброво и Собри;
– Реконструкција на детската градинка “Калинка”во Валандово;
– Изградба на мини-плоштад и парк во населеното место Удово;
– Изградба на три нови урбани паркови во градот Валандово;
– Поставување на неопходната инфраструктура во индустриската зона “Јосифово”;
Исто така, општината интензивно работи на подготовка на техничка документација за изградба на нови канализациони и безбедни водоводни системи за населените места кои истите ги немаат, како и на техничка документација за решавање на проблемите со поројните води во Горна Маала, Јосифово и на Калковска река.