• Fri. Nov 22nd, 2024

14 припадници на АРМ во моментов позитивни на Ковид 19

На јужната граница и покрај повлекувањето на дел од полициските припадници кои се дел од Вишеградската група што се покажаа позитивни на Ковид 19 непречена е грижата за безбедноста на граничната линија. Заедно со полициските службеници во делување долж граничната линија, со цел спречување на нелегалната миграција се и армиските припадници. Од Генералштабот велат дека ситуацијата со корона вирусот е стабилна. Во мометов активнио се само 14 војници , но состојбата им е стабилна и се во добра општа здравствена состојба.

Последните две седници состојбата на нелегалната миграција е сведена на минимум.Последниот регистиран случај е пред 4 денови кога во близина на наплатна станица „Отовица” во Велес, полициски службеници од СВР Велес забележале товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил местото на настанот.

Подоцна, на 500 метри од наплатната станица, полициските службеници го лишиле од слобода С.С.(38) од Скопје, а по преглед во возилото биле пронајдени 30 лица-мигранти од Авганистан, Сирија и Сомалија. За настанот е известен јавен обвинител, мигрантите се сместени во Прифатниот центар Винојуг

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *