Обвинителството утрово издало наредба за приведување лица што се дел од истрагата за трагичната несреќа кај селото Ласкарци, која се случи минатиот месец, потврдуваат извори од Обвинителството за „Макфакс“. Неофицијално, приведени се шест лица, меѓу нив се вработени во компанијата „Дурмо турс“, во чија сопственост е автобусот, пишува Makfax.
Во автобуската несреќа што се случи во близина на селото Ласкарци на 13 февруари животот го загубија 15 лица, а најмладиот имаше 19 години. Во автобусот имаше 50 патници. Ова е првпат Обвинителството по еден месец да излезе со детали за несреќата.