• Sat. Nov 23rd, 2024

13 лица го прекршиле полицискиот час информира СВР Струмица

ByВане Трајков

Mar 26, 2020

Ноќта на 25/26.03.2020 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица 13 граѓани ги прекршиле прописите и наредбите  педвидени од страна Владата и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно го прекршиле полицискиот час со предвидените забрани за движење во определен период.
Седум од овие лица се затекнати на подрачјето на Полициската станица Струмица, три на подрачјето на Полициската станица Валандово, две на подрачјето на Полициската станица Гевгелија и едно на подрачјето на Полициска станица Радовиш. Во просториите на полициските станици се приведени три лица.

 Воедно на 25.03.2020 година до надлежните обвинителства се поднесени и 7 кривични пријави против 11 лица кои во претходниот период го         прекршиле полицискиот час, односно сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206         од КЗ на РСМ, од кои 4 пријави против 6 лица се поднесени до Основно јавно обвинителство Радовиш, 2 пријави до Основно јавно                 обвинителство Валандово и 1 до основно јавно обвинителство Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *