Во Струмица во сабота, 30 септември 2023 година ќе се одржи 13. издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“. Програмата ќе биде реализирана во НУ Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица.
Со почеток во 20:00 часот ќе биде промовиран годинешниот зборник „100 Илјади поети за промена“ и ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети од Србија, Грција, Бугарија и Македонија, ќе биде отворена и изложба на плакати и ќе се одржи музичко-сценски перформанс.
На конкурсите годинава, како што велат организаторите, се вклучени повеќе од 200 поети и 20 дизајнери. Манифестацијата е поддржана од градоначалникот и Општина Струмица, како и Фондацијата Заев.