Од вработените во конфекциските фабрики во Штип земени се 788 бриса, а потврдени се 126 случаи на коронавирус, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.
Од нив, хоспитализирани се 24 лица, додека другите се на домашно лекување или во изолација, пренесе Макфакс.
Филипче вели дека со ова ситуацијата во Штип и во Тетовско се смирува.
„Останува Скопје, посебно Чаир, каде што епидемиолозите се соочуваат со проблеми околу давање вистинити податоци и контакти“, соопшти тој.