2076 полуматуранти ќе можат да се запишат во седумте средни училишта во Југоисточниот регион.
најмногу, околу 490 места има во средното техничко училиште „Никола карев“ во Струмица. Веднаш по него е „Димитар Влахов“ со 356 слободни места. Струмичката гимназија „Јане Сандански“ во идната 2023/2024 година планира да запише вкупно 356 ученика.
Во гевгелиското средно училиште „Јосиф Јосифовски“ ќе можат да се запишат вкупно 295 ученици. 288 слободни места има во радовишкото училиште „Коста Сусинов“.
Најмал е капацитетот на училиштата во Богданци и Валандово. Средното училиште „Богданци“ од Богданци може да прими максимум 159 ученици. Училиштето „Гоце Делчев“ од Валандово, пак, планира да запише максимум 109 ученици.