Од АВРМ велат оваа бројка ќе се зголемува сооглед на тоа што барањата може да се поднесуваат до септември 2018 година.Од таму прецизираат дека етапно ќе се носат решенија, ова е само почеток, како ќе се обработуваат податоците така ќе се доставуваат до граѓаните.
Законот за материјално обезбедување на стечајците беше усвоен на владина седница на крајот на јули годинава, а усвоен од македонското Собрание пред три месеци.
Стечајците ќе добиваат месечен надоместок од 7.596 денари,а треба да имаат да имаат најмалку 15 години стаж во претпријатие со доминантна државна сопственост, прекин на работен однос врз основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок, 55 години за мажи и 52 за жени.