Околу 120 жители од наслените места Стојаково, Селемлија и Богородица се заразени со ешерихија коли, бактерија од фекално потекло. Тие побарале помош од селската амбуланта во Стојаково но и во општата болница во Гевгелија. Сите се жалеле на грчеви во стомкот, дијареа, повраќање и главоболки а дел од граѓаните добиле и висока температура.
Центарот за јавно здравје Велес утврдил дека жителите од трите села се заразиле од водата во заедничкиот водовод, по што веднаш е наложено да се хиперхлорирање на водата за пиење.
Водата од водоводниот систем во овие три села е забранета за пиење, а здравствените власти не знаат дали по дефектот на водоводната мрежа ЈКП „Комуналец“ од Гевгелија извршил задолжително хиперхлорирање на водата.