• Fri. Nov 22nd, 2024

119 години од смртта на Гоце Делчев

Гоце Делчев е интимно вткаен во битот на нашата нација, поради што сме должни и на ваков начин, суштински – со научни согледби, а не само формално и поводно да му се поклониме, во текот на овие дни кога ќе се навршат и 119 години од неговата погибија, истакна ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, професор д-р Никола Јанкуловски, во неговото обраќање на големата научна Конференција посветена на 150 години од раѓањето на овој голем револуционер.

Јанкуловски нагласи: „Должни сме, но не само пред Делчев и историјата, туку и пред нацијата во чиј код се вградени неговите мисла, идеја и дело, и пред времето идно. Овој собир им го должиме и на потомците, имајќи предвид дека делото на Делчев е синонимно поврзано со нашата татковина, а таа не е во наша трајна сопственост.

Таа веќе им припаѓа на поколенијата што доаѓаат по нас, а на кои е важно да им оставиме научен влог кој ќе биде нивна нова појдовна точка во истражувањето за „најкрупната фигура во македонското ослободително движење“ и „првиот меѓу првите“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *