• Fri. Nov 22nd, 2024

1156 слободни места за упис во струмичките средни училишта.Сеуште не се знае како ќе течат уписите на 16 и 17 јуни

Како официјални датуми за упис во средно училиште сеуште стојат  16 I 17 јуни. Денес контактиравме и со дел од директорите на средните училишта во Струмица од каде информираат дека сеуште немаат официјални податоци како ќе тече уписот, колку ќе биде безбедно физички , учениците да ги доставуваат документите.Неофицијално се зборува дека он лајн пријавувањето е како можна опција , но засега останува само неофицијално.

     Именно во Струмичките средни училишта годинава има 1156 слободни места за упис.Во СОУ „ Јане Сандански “ годинава има 238 слободни места од кои 136 ученика ќе влезат во економско – правната струка.

Слободни места за упис во СОУ „Димитар Влахов“ годинава има 374 од кои 179 места за земјоделско ветеринарната струка, 102 места во хемиско технолошката, додека пак за една од најатрактирвните струки , односно здравствената има 102 слободни места.

 

  Најмногу слободни места за упис и годинава има СОУ Никола Карев.Таму во за шесте стуки има вкупно 544 слободни места. 136 места има за машинската струка,68 во текстилно – кожарската струка, 170 во електротехничката, 68 ченика ќе можат да се запишат воп сообраќајната, за шумарско дрвопреработувачката 34 слободни места и го градежно- геодетската струка, годинава има 68 слободни места.

 

    Од средните училишта се надеваат дека МОН навремено ќе информира како и на кој начин ќе се вршат уписите за средните училишта, а учениците ќе имаат доволно време да ги обезбедат потребните документи за упис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *