112 Пожарникари од Југоистокот ќе добијат комплетна опрема за шумски пожари. Опремата ќе се додели преку проект „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“. Во рамки на Програмата за прекугранична соработка Р. Бугарија- Р. Северна Македонија 2014-2020 година.
Истиот се реализира како резултат на анализата која покажа дека ниту една противпожарна единица во овој регион не поседува одела за пожарникарите наменети за шумски пожари. Директорката на Центарот, Жулиета Ѓуркова и со претставник од Територијалната противпожарна единица- Струмица, ги презентираа активностите и очекуваните резултати. Со цел подетално запознавање на јавноста која е целта на проектот и кои бенефити се очекуваат од истиот.
„Нашата цел и нашата идеја е да бидат рамо до рамо со сите европски пожарникари. Да ја имаат комплетната опрема да можат да одговорат. Тие се способни, ги имаат сите вештини. Обучени се, меѓутоа треба да имаат соодветна опрема и соодветно да бидат облечени за да бидат ефикасни“ – посочи Ѓуркова.
За пожарникарите, набавката на новата опрема е многу значајна бидејќи со неа ќе се овозможи многу поголема ефикасност за време на интервенциите во шума. Истовремено ќе се зголеми нивната безбедност, истакна г-дин Ристо Јанакиев – претставник на ТППЕ- Струмица и додаде дека со опремата тие значително ќе се приближат до стандардите на Европската Унија.
На прес-конференцијата преку кратка презентација, од страна на проектниот тим беа информирани новинарите и за останатите активности кои се планирани во рамките на овој проект. Тоа се формирање на прекугранична мрежа за превенција и одговор од природни и еколошки опасности кои настануваат од шумските пожари. Организација на шест специјализирани обуки за дел од претставниците на Територијалните противпожарни единици и волонтерските здруженија со меѓународно сертифицирани обучувачи. Промоција и подигање на јавната свест за поттикнување на волонтеризмот во справување со пожари како и спречувањето на шумските пожари.
Проектот е предвиден да трае 24 месеци.