• Thu. Nov 21st, 2024

СТОЛТЕНБЕРГ: Русија се обидува да внесе раскол меѓу државите членки на НАТО

By

Mar 8, 2016 #Свет

СТОЛТЕНБЕРГ: Русија се обидува да внесе раскол меѓу државите членки на НАТО

 

Русија се обидува да го подели НАТО, оцени Јенс Столтенберг, во интервју за CNN.

Генералниот секретар на алијансата своето тврдење го образложи на следниот начин:

“Веќе подолго време забележуваме дeка Русија настапува се по самоуверено, користејќи најразлични методи на застрашување кон своите соседи, а истовремено се обидува да внесе раскол во Северноатланската алијанса”.

Веднаш во продолжение Столтенберг потврди: “Само, ние дадовме одговор на тоа. Ги згуснавме своите редови и ја ускладивме својата воeна политика со новите услови во сферата на безбедноста”.

Столтенберг потврди дека НАТО е загрижен заради јакнењето на руското воено присуство во Сирија и источниот Медитеран и откри дека: „Реагирајќи на тоа, алијанста го зголеми своето воено присуство во Турција и во источниот дел на Средоземното море“.

Столтенберг подвлече дека „Обидите на Русија да внесе раскол во НАТО не беа успешни“.

Шефот на руската дипломатија  Сергеј Лавров  изјави дека Москва не сака конфронтација ниту со САД, ниту со Европската унија, ниту со НАТО.

Своја “руска опсесија” има и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. Тој во Лондонската школа за економија рече дека Русија наводно ја плаши „меката сила на ЕУ“ која се приближава кон нејзините граници. Па продолжи:

„Затоа Путин се обидува да ја ослаби Европа, внесувајќи меѓу нас раздор и наведувајќи не да размислуваме во тесните категории на националните интереси. Меѓутоа, ние, не смееме да ја носиме водата на неговата воденица“.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *