167 активни случаи на корона – вирусот се регистрирани во Струмица, со денешните 11. Со ова бројот на заболени со вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 272.
Досега се оздравени 105 пациенти.
Во Југоистокот има уште 5 нови случаи изминатите 24 часа. По еден во Гевгелија и Радовиш и 3 во Валандово.
Од почетокот на пандемијата во Гевгелија има регистрирано вкупно 130 лица позитивни на КОВИД – 19, од кои во момнетов активни се 42.
Во Радовиш досега се регистрирани 90 ковид-позитивни, а активни се 26.
Валандово има најмал број регистирани во регионот, 39, но дури 26 од нив се се уште активни.