• Sat. Nov 23rd, 2024

1083 барања за легализација на дивоградби чекаат во о.Гевгелија

Истече дополнителниот рок во кој можеше да се комплетира потребната документација за барањата за легализација на дивоградби поднесени до општините во тек на 2011 и 2016 година.

Во општина Гевгелија, по донесувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, до 18.06 2018 година биле пријавени 5167 барања за легализација на бесправните градби. Од вкупно пријавените барања одстрана на граѓаните биле решени 4084, додека во постапка на решавање остануваат уште 1083 барања. Тоа значи дека79% од вкупно поднесените барања се решени. Преостанатите се во постапка на решавање, а некомплетираните барања со елаборати и неплатениот комунален надомест од страна на самите подносители на барања најчесто ја забавуваат постапката.

Некомплетните барања за легализација, претежно со геодетски елаборат, беа причина за воведување на новиот рок, кој заврши на 30 јуни 2018 , со последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти од декември лани, а со кој се овозможи и дополнителен, трет рок, за поднесување барање за легализација, од јануари до крајот на годинава.

Како што се предвидуваше и со првото законско решение за оваа намена, услов за легализација на објектот е тој да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *