• Sat. Nov 23rd, 2024

Ученици од ООУ „Сандо Масев“ во посета на НБРМ

Во рамките на проектот на Народната Банка на Република Македонија за финансиска едукација на учениците од основните и средните училишта, група ученици од трето и четврто одделение од ООУ „Сандо Масев“ Струмица остварија посета на НБРМ.

Децата беа одлично пречекани од одговорните лица и проследија презентација која опфати различни елементи. Во рамките на презентацијата, учениците соодветно на нивната возраст се запознаа со клучните финансиски институции, историјата на НБРМ, нејзината функција во општеството и банкарството поконкретно, капацитетите на банката, развојот на платежните средства и на денарот како национална валута, се вели во писмената информација од ООУ „Сандо Масев“.

Учениците научија нешто повеќе за финансиските производи, соодветните начини на штедење и придобивките од штедењето од мала возраст и заштита на корисниците при користење на финансиските производи. Посетата заврши со краток разглед и соодветно претставување на активностите на вработените во ковачницата за монети, стои во информацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *