Во текот на изминатата вечер (08/09.01.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 106 возачи. Од нив, 20 на територијата на СВР Битола, 19 на територијата на СВР Охрид, 15 на територија на СВР Штип…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.