Утревечер во Центарот за култура „Антон Панов“, аматерите актери на Здружението „Говор на радоста“ ќе ја одиграат претставата „Моментално’ по текст и режија на младиот струмичанец Симеон Иванов.
Претставата има за цел да ја насмее публиката, зашто тоа е и целта на здружението, велат оттаму.
Сценаристот вели дека пародијата на ментална болница е во центарот на драмската игра и случувања.
Здружението „Говор на радоста“ досега има организирано неколку претстави за учениците од струмичките училишта.