Откако беше потврдено дека 12 полициски службеници од чешкиот контингент се позитивни на коронавирус, во изолација заминаа и дел од македонските полицајци кои имале контакт со нив. Од МВР информираа дека со одлука на Центарот за јавно здравје, Подрачна единица Гевгелија, 10 македонски полициски службеници се наоѓаат во изолација. Тестирани биле и 14 полициски службеници-припадници на австрискиот контингент распореден на јужната граница, но сите имаат негативни тестови. Од МВР информираат дека ваквата состојба нема да има никакво влијание врз обезбедувањето на јужната граница