Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.960 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19 од кои пет во Скопје, четири во Тетово и еден во Битола.
Регистрирани се 5 оздравени пациенти од: Скопје – 3 и по еден од Крива Паланка и Берово.
Регистриран е и еден починат пациент од Струмица (64г), во болнички услови.
Направените 2.960 тестови се преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово–17, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–23, Жан Митрев (Филип Втори)-67, Авицена-253, Биотек-174, Систина-96, лабораторија Лаор-158, Синлаб-17, Ремедика-21, Плодност–18, Генеа–10, Никоб лаб-704, ВФВ Медикал-35, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.133.