Џ. К. Роулинг, авторката на романите за Хари Потер, заработувала дури 637.321 фунта месечно во последните неколку години, делумно благодарение на успехот на своите книги за приватниот детектив и воен ветеран Корморан Страјк, кои се претворија во ТВ-серија, пишува Макфакс.
55-годишната авторка што ги напиша книгите „Страјк“ под псевдонимот Роберт Галбрајт заработи 12.850.000 фунти во 2018 година и 2.445.725 фунти минатата година од компанија што се занимава со нејзините ТВ-дела, според весникот „Сан“.