• Fri. Nov 22nd, 2024

„Џунглата“ на „Боро Џони“ ќе оживее на сцената на Македонската опера и балет

Музичкиот спектакл на основното музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица ќе се игра и на сцената на Македонската опера и балет. Според информациите на Тв канал ВИС, музичкото училиште добило покана од оваа институција да гостува со годинешниот Концерт под маски.

„Џунглата“ ќе се игра на 10 април, а терминот дополнително ќе се утврди.

На годинешниот традиционален Концерт под маски учествуваа околу 200 ученици од седум до 14 години и колективот на музичкото училиште „Боро Џони“ заедно со директорката Клара Вета Патарова, но и домаќинот во училиштето Живко Јанаков, кој со посебна посветеност и љубов ги изработува сите сценски елементи за секоја музичка претстава.

Поканата од МОБ доаѓа по силните позитивни реакции во јавноста дека струмичкото музичко училиште за рекорден рок подготвило вистински спектакл, невиден од некоја образовна институција.

Според најавите, на премиерата на „Џунглата“ во Скопје ќе присуствува и премиерот Зоран Заев, кој беше редовен гостин на концертите под маски на мзуичкото училиште додека беше градоначалник на Струмица.

Во продолжение, да се потсетиме на трејлерот од ова шоу.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *