• Sat. Nov 23rd, 2024

Ќе трпи ли економијата , ако недела е неработен ден

Ќе трпи ли економијата , ако недела е неработен ден

Доколку недела биде неработен ден, македонската економија ќе претрпи милионски загуби. Ова беше истакнато на панел-дискусијата „Недела неработен ден – какви ефекти ќе има врз македонската економија“, што денеска ја организираше денеска Стопанската комора на Северна Македонија.

Предложеното решение за ограничувањето на можноста за работа во недела или наметнувањето дополнителни трошоци за компаниите кај кои работењето во недела е дел од редовниот работен процес, покренува повеќе прашања за ефектите од ова решение – како ќе се одрази на продуктивноста и конкурентноста на компаниите, дали производствените процеси се од таков карактер што може да се запрат без последици и по кои параметри тоа ќе се проценува, но и дали предложените решенија може да предизвикаат странските инвеститори да ја преиспитуваат РС Македонија како дестинација, туристите да ја избегнуваат државата како туристичка дестинација, а домашните потрошувачи да се насочат кон соседните пазари. – истакнаа од Комората на панелот, на кој учествуваа стопанственици од различни индустриски сектори, од областа на трговијата и услугите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *