Формирање на координативно тело од страна на министерството за земјоделство за регулација на увозот на зеленук.ОД Сојујот на земјоделци од југоистокот коментираат дека доколку се направи вакво тело ке дојде до пораст на цената на раноградинарските услуги , но и пласирањето на домашното производство ќе се зголеми.
Од сојузот велат дека со години проблемот со увезениот зеленчук ги руши пазарите на домашното производство а секако најголема мака создава при формирањето на цената.
Надлежните велат дека Македонија како членка на ЦЕФТА не може во целост да го забрани увоз на зеленчук . Дополнително загрижува фактот што на зелените пазари се поголемо е присуството на зеленчук и овошје од увоз, со што се надоместува падот во домашното земјоделско производство, кое треба да е стожер на исхраната и прехранбената индустрија. Така, се почесто наместо домашен лук, на пазарите може да се најде само кинески лук, наместо струмички, на пазарите и по маркетите може да се најдат претежно кикиритки од некои кинески земјоделски области.