• Fri. Nov 22nd, 2024

Ќе се санираат полски патишта во четири општини од Југоистокот

ByВане Трајков

Jul 26, 2021

Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Жулиета Ѓуркова заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа потпишаа Договор со кој се доделува финансиска поддршка на Југоисточниот плански регион со цел имплементација на проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачјата на интезивна земјоделска дејност утврдени со Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со доделените средства во вкупен износ од 2.757.037,00 денари, ќе овозможи уредување и санација на полски патишта во следниве четири општини во Југоисточниот плански регион:- Санација на полски пат, место викано Љушев брест и Смоквиње, општина Богданци, во должина 691 метри;- Уредување на полски пат во с.Калково, општина Валандово, во должина 627 метри;- Уредување на полски пат во с.Богородица, општина Гевгелија во должина од 1625 метри и- Полски пат во с.Габрово, место викано Стара Чешма, општина Струмица, во должина од 1050 метри.

Рекoнструкцијата на горенаведените полски патишта има големо значење за земјоделските домаќинства од регионот со коиќе се овозможи пристап до вкупно 298,25 хектари плодно земјоделско земјиште во регионот.Со олеснувањето на пристапот до нивните земјоделски површини, земјоделците ќе имаат поквалитетен и побрз пристап, ќе бидат и помотивирани да ги извршуваат секојдневните обврски на нивите, а и да одгледуваат подоходовни земјоделски култури, што пак ќе придонесе кон подигнување на квалитетот на животот на луѓето во општините во регионот,а понатаму и поголем економски развој на целиот Југоисточен регион

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *