Сторијата за Живко Николов кој нашата екипа ја работеше во текот на вчерашниот ден во која семејството бара одговори од надлежните институции ,зошто Живко е одбиен за добивање на инвалидска пензија и последно го одбиле и за нега за мобилност , побаравме одговори од надлежните.Денес до затворањето на вестите немавме никаков одговор од министерството за труд и социјална политика од каде побаравме образложение зошто првостепената комисија донела негативен одговор на нивното барање , притоа како пациент воопшто и не бил прегледан.
Испративме и прашања и до министерството за здравство е со цел да ни одговорат , но и да ни одговорат на барањето дали воопшто можат да испратат лекарска екипа во домот на Николов со кој ќе ја утврдат моменталната здравствена состојба и какви би биле прогнозите доколку се утврди дека туморот енормно се проширил.
И од министерство за здравство не добивме одговор.Ние како редакција и понатаму ќе го следиме случајот и се надеваме дека во текот на утрешниот ден ресорните министерства ќе одговорат на нашите прашања , но и на барања.