Ќе се пуши ли марихуана слободно од јули следната година?!
Се погласни се најавите за декриминализација на марихуаната по неколкуте состаноци на владата и невладините организации кои се за слободно и рекреативно користење на канабисот. Од Здружението „Билка“велат дека очекуваат властите од јули идната година да дозволат граѓаните слободно да може да консумираат канабис. Во меѓувреме владата подготвува нов Закон за опојни дроги, а главна новина ќе биде формирање на Агенција за канабис. Законот е предвиден да се носи со европско знаменце што значи дека процесот на носење ќе биде забрзан бидејќи станува збор за закон кој се подготвува по регулативите на Европската унија
Досега на оваа тема со властите имаат направено неколку средни и преговорите течат сосема продуктивно, велат активистите. Во однос пак на новиот предлог закон од Здружението „Билка“ велат дека од новото законско решение кое го предлага валадата во дел се задоволни, а во добар дел не.
Според Јанаки Митровски позитивно е што се третира за прв пат законски индустрискиот коноп кој во претходниот закон беше непостоечки. Митровски вели дека предлогот има крајно противуставна одредба за согласност од владата за пренос на удел во фирма што директно задира во приватна сопственост како уставно заштитена категорија.