Околу 23 милиони денари или нешто повеќе од 370 илјади евра ќе се инвестираат во општините Гевгелија, Дојран, Валдново и Конче во рамките на проектот ,,Збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион’’ што ќе се имплементира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. За овој проект во кој партиципираат четири општини од Бирото за регионален развој се обезбедени 17,9 милиони денари додека останатиот дел ќе биде учество на самите општини