Ќе се гради откупно дистрибутивен центар во Струмица.Парите за изградба ги обезбеди министерството за земјоделство преку Светска Банка за проектот Модернизација на земјоделството во вредност од 46 милиони евраВо истиот како главна компонента се два откупни центри во Ресен и Струмица како и агрофуд платформа во Скопје.
Изградбата на совремнен откупно дистрибутивен центар во Ресен е потребен за да се надмине проблемот со складирање и чување на земјоделските производи, пред се јаболката што ќе доведе кон стандардизирано производство и комерцијализација на домашен и меѓународен пазар, додека пак, откупно дистрибутивниот центар во Струмица ќе се фокусира на главните култури произведени во регионот, како што се домати, зелка и пипер.
Откупно дистрибутивниот центар во Скопје, ќе допринесе кон подобрување на снабдувањето со безбедни и стандардизирани производи од свежа храна за потрошувачите во скопскиот регион велат од ресорното министерство.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски,вчера го посети откупно – дистрибутивниот центар на Агроаломентате во Рим, Италија со цел учење и преземање на добрите пракси како и квалитетниот менаџмент кои придонесуваат оваа агрофуд платформа да биде една од најзначајните и најуспешните во Европа.